Најмалку 22 жртви и над 90 ранети во експлозија во џамија во Пакистан

Најмалку 22 луѓе загинале а уште најмалку 96 други се ранети кога силна експлозија одекнала во преполна џамија во пакистанскиот град Пешавар, соопшти тамошната полиција.

Експлозијата веројатно ја предизвикал бомбаш-самоубиец, но истрагата е во тек, соопшти полицијата во Пешавар, големиот град на северозападот од Пакистан.

Засега ниедна позната екстремистичка групација којашто дејствува во Пакистан не ја преземала одговорноста за експлозијата, изјави Садик Кан, висок полициски функционер во Пешавар но додал дека сомневањата се насочени кон пакистанските талибани кои во минатото беа обвинети за слични самоубиствени напади.

Бомбашот го активирал својот самоубиствен елек додека околу 150 верници, вклучително и многу полицајци од блиските полициски станици, се молеле во џамијата. Од силината на детонацијата се урнал покривот на храмот, при што биле многумина повредени, рекол полицаецот Зафар Кан, пренесува Associated Press.

Еден од преживеаните, 38-годишниот полицаец Меена Ѓул изјавил дека бил во џамијата кога одекнала експлозијата. Додал дека не е свесен како останал жив и неповреден, но дека слушал страшни крици и лелеци на жртвите .

Припадниците на спасувачките се обидуваат да ги отстранат урнатините и да стасаат до верниците кои сѐ уште се заробени под нив, објави полицијата. Според неа, повеќе од повредените се пренесени во болниците се пренесени во критична состојба и се стравува дека бројот на загинатите ќе се зголеми.

Пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф во изјава го осуди бомбашкиот напад и нареди итно соодветно згрижување на жртвите. Шариф, исто така, вети „остар одговор“ против оние кои стојат зад нападот.

Поранешниот премиер и челник на опозицијата Имран Кан, исто така, го осуди нападот нарекувајќи го „терористички самоубиствен бана“ во објава на Twitter,

„Императив е да го подобриме нашето собирање разузнавачки информации и соодветно да ги опремиме нашите полициски сили за борба против растечката закана од тероризмот“, додава Кан.

Пешавар е главен град на провинцијата Хајбер Пактинква којашто се граничи со Авганистан и е место на чести напади на радикалните групации.

Пакистанските талибани кои се идентификуваат како Техрик-е-Талибан Пакистан (TTP), и се засебна група но тесно поврзан сојузник на авганистанските талибани од другата страна на границата, кои се вратија на власт на 15-ти август 2021 година по хаотичното повлекување на трупите на САД и НАТО од Авганистан по 20-годишната војна.

Во изминатите 15 години TTP води бунт против владата во Исламабад борејќи се за строго спроведување на исламските шеријатски закони во земјата, за ослободување на нивните припадници од затворите и намалување на присуството на пакистанската војска во планинските племенски региони на земјата.