ВИДЕО| Напад со нож во метро станица во Брисел, повредени неколку лица

Во метро станицата Шуман во бриселскиот кварт во близина на седиштето на европските институции, се случил страшен инцидент кога маж со нож нападнал неколку лица од кои еден е потешко ранет.

Полицијата брзо успеала да го уапси насилникот.

Мажот го започнал нападот со нож додека бил во вагон во метрото, пред да почне да трча низ станицата обидувајќи се да нападне и други присутни, изјавиле неколку очевидци.

Еден млад човек е тешко повреден, а неколку други се здобиле со полесни расекотини. На местото веднаш пристигнале бројни полицајци и две возила на брза помош.

Човекот не бил на списокот за следење на Единицата за координација за анализа на закани, која ги следи терористичките активности во Белгија и не е познат на разузнавачките служби на Државната безбедност. Како таков, веројатно може да се исклучи терористички акт, пишува brusselstimes.

Врз основа на однесувањето на мажот, набљудувачите шпекулираат дека страдал од психолошки проблеми.

Во меѓувреме, персоналот кој работи во Европската комисија добиле безбедносно предупредување да ја избегнат областа на метро станицата Шуман.

Станицата во моментов е затворена по наредба на полицијата, а метрото е во прекин, соопшти бриселското јавно сообраќајно претпријатие СТИБ.