КСЗД бара прекршочна за Министерство за правда за неизвршување на законски надлежности со клубот „Ванчо Михајлов“

-Во петокот Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесе барање за покренување прекршочна постапка против Министерството за правда, претставувано од актуелниот министер Никола Тупанчевски и барање за поведување на прекрошчна постапка против здружението културен центар „Иван Михаилов“ од Битола претставувано од претседателот Љупчо Георгиевски“, рече претседателката на комисијата за заштита од дискриминација Весна Беневска, во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.

Таа посочи дека во случајот со бугарскиот клуб во Битола со име „Ванчо Михајлов“ Комисијата утврдила дека има неизвршување на законски надлежности.

„Во овој случај нашата Комисија при носењето на своето мислење утврди дека има неизвршување на законски надлежности од страна на Министерството за правда и Централниот регистар кои биле должни да констатираат дека постои фирма во сред центар на Битола испишана на табла туѓ јазик што го носи името на клубот, што е спротивно на закон“, рече Бендевска.

Таа додаде дека во мислењето Комисијата ги наведува сите можни закони кои се прекрешени како и меѓународни инструменти кои Република Македонија ги има ратификувано и се дел од уставниот поредок.