
Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва ја продолжи серијата информативни трибини со граѓаните во тетовскиот регион со мотото „Заедно за Европа“. Вечерва партиското раководство одржа трибина во Општина Боговиње.
Претседателот Али Ахмети истакна дека со општествени цели во новиот век треба се занимаваат генерациите на новиот век, да преземат одговорност за работата што треба да се направи. Затоа, според него се очекува квалитет во образованието, здравството, инфраструктурата и поквалитетен начин на живот.
– Ова е нов век со многу нови промени, вклучително и климата, затоа мора да се посветиме на здравиот начин на живот. Кога зборувам за зачувување на животната средина мислам на нашите реки кои се полни со ѓубре кои влијаат на исчезнување на вегетацијата и богатството на природата, тоа е предупредување за министерот за животна средина и просторно планирање, но и за граѓаните кои треба да бидат повеќе свесни. Денес имаме универзитети, средни и основни училишта, болници. Повеќе не сме тоа што бевме пред 20 години. Порано во болниците имавме многу малку специјалисти Албанци, но денес има многу лекари специјалисти. Сега ни е потребна квалитетна и современа медицина затоа што само така ќе ги исполниме стандардите кои е ќе не доближат до Европа, им порача Ахмети на сопартијците и граѓаните.