Специјалци на МВР распоредени пред гробот на Гоце Делчев

Гробот на Гоце Делчев е под полициска опсада. Три полициски возила, специјалци и полиција во цивилна облека го контролираат просторот пред Црквата Свети Спас.

„Десетина полицајци и специјалци дежурат пред Црквата Свети Спас. Иако прославата е закажана за 4-ти февруари, кога е најавено доаѓањето на бугарските граѓани, полицијата го обезбедува гробот на Делчев веќе втор ден“.

Полициските службеници проверуваат кој паркира и кој влегува во црквата каде што се наоѓаат моштите и споменикот на македонскиот револуционер. Иако има уште 5 дена до 4-ти февруари, денот кога се одбележува раѓањето на Делчев, полицијата од вчера е распоредена таму, за да се избегне каква било провокација или иницидент.

По речиси 8 децении, ова е првпат гробот на македонскиот апостол да биде чуван од специјални полициски сили. Одлуката за распоредување на полицијата следи по најавите дека дел од Македонците се самоорганизираат да го чуваат гробот, па дури и да поставуваат ноќни стражи, за да се избегнат нови провокации и навреди од Бугарите и нивните најави дека масовно ќе присуствуваат годишнината на 4 февруари.

Извор: Aлфа