Започна раното пријавување за „Прв до врв Водно“ 2023, кое оваа година ќе се одржи на 21 мај.
Традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании.
Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk.
Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.