
На 31.01.2023 во 20.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Б.(33) од Скопје.
Кај него биле пронајдени и одземени 36 ќесички со марихуана, 10 ќесички со кафеава прашкаста материја, 18 ќесички со бела прашкаста материја и четири шприцеви со црна течност.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.