
Пожар настанал вчера вечерта околу 20 часот во куќа на 62-годишниот И.У. во гостиварски Равен.
Од СВР Тетово информираат дека опожарен бил горниот дел од објектот.
При преземање мерки за гаснење на пожарот се повредил 43-годишниот пожарникар М.С. од гостиварско Речане.
Пожарникарот бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.