
Поради обилните врнежи и голем број на одрони на камења и кал во Источна Србија, непроодни се сите патни правци кои водат кон Кладово. Водата се провлекла и во помошниот дел на Хидроелектраната „Ѓердап два“ и со тоа ја загрози нејзината работа.
Честите дождови во голема мера го отежнуваат целиор сообраќајот, а на одредени делови и сообраќајот е во прекин.
Горската служба за спасување на Србија, соопшти дека нејзините екипи учевствуваат во пружање помош и во евакуирање на населението во загрозените подрачја.
Освен Кладово, загрозени се Неготин и Мајданпек.
Водата продрела во помошниот дел на Хидроелектраната „Ѓердап Два“ и со тоа се загрозни нејзината работа.
До сега се евакуирани 370 лица од подрачјето на општина Кладово, меѓу нив и мајка со едномесечно бебе.
Една жена загинала во поплавите кај Текија, а Кладово од понеделникот е изолиран бидејќи се срушени два моста на патот за Неготин, а оштетена е и Ѓердапската магистрала кај Текија.