
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски на својата официјална страна на фејсбук го промовираше проектот “Твој службеник”.
Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:
„Воведен проектот “Твој службеник” во работата на администрацијата.
Проектот „Твој службеник“ има за цел да ги открие проблемите на граѓаните од терен и потоа да ги решава во рамките на општината.
Општината е институција која е сервис на граѓаните и работи во нивен интерес.
Идејата е граѓаните да може лесно и брзо да дојдат до решавање на проблемите со кои се соочуваат секојдневно.
Со реализирање на овој проект се олеснува начинот граѓаните да го пријават својот проблем и за истиот да добијат решение.
Проектот „Твој службеник“ ќе се реализира на следниот начин:
Техничките секретари во Месните и Урбаните заедници три дена во неделата ќе бидат присутни во Месните и Урбаните заедници со цел евидентирање на проблемите на граѓаните, а два дена од неделата ќе бидат во општината со цел решавање на проблемите.
Ги повикувам граѓаните да ја користат оваа можност.
Граѓаните на прво место“ – напиша Стефковски.