Хакерски тим поддржан од иранската влада наводно украл и објавил приватни податоци за клиенти кои му припаѓаат на францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо, соопштија денеска од Мајкрософт.
Сатиричниот магазн беше хакиран во почетокот на јануари, откако објави серија карикатури кои негативно го прикажуваа врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи.
Карикатурите беа дел од медиумската кампања за која Шарли Ебдо рече дека има за цел да ги поддржи антивладините протести во Иран.
Портпаролот на магазинот рече дека „во овој момент нема коментар за ова прашање“.
Иран јавно вети „ефективен одговор“ на „навредливите“ карикатури.