
На 6 февруари во 1893 година во Охрид умре Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век.
Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите „Сердарот” и „Скендербег”, и познатото дело „Автобиографија”.
Со поемата „Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време.
Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.