Двајца полицајци повредени во судар во кумановско

Во неделата вечерта околу 21,20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.И. од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово. Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.