Пазар со уставобранителите и осудените за 27-ми април за уставните измени нема да има, тоа не го сакаат ни тие. Од она што го имаме како информации и од адвокатите кои зборуваме, не сакаат на крајот да ги третираат како терористи, затоа е и овој Закон за амнестија да се исприави огромната грешка со Законот за амнестија од 2018 и селективната правда, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Никола Мицевски за „10 минути“ на ТВ21.
Мицевски потенцираше дека уставобранителите биле уценувани да кажат дека имаат направено нешто за да добијат помали казни, не го сториле тоа и не бараат милост туку правда.
„Затоа ние како пратеничка група по инцијативата на двајцата адвокати ги повикавме на средба им укажавме на забелешките, се сложија и таа иницијатива е поднесена во Собрание на 3 февруари. Првата седница е на 13 февруари, очекуваме дека нема да имаме пречка или некој технички злоупотреби на процесот од страна на Џафери и истото ќе се најде на дневен ред, рече Мицески.
Додаде дека тоа што е важно е дека се опфатени сите осудени лица и со ова законско решение ќе исправи селективната правда.
„Пред Врховниот суд има барање за вонреден правен лек и ова ќе значи забрзување на процесот за конечно овие луѓе да си ја најдат правдата и да не бидат селективно осудени“, истакна Мицевски.