Шпанскиот висок суд пресуди во полза на маж кој е казнет, бидејќи го одел по улици на град во регионот Валенсија, а подоцна се обидел гол да присуствува на судско рочиште.
Вишиот регионален суд наведе дека ја одбил жалбата на одлуката на понискиот суд за поништувањето на паричната казна која му е изречена на 29-годишникот поради тоа што гол бил на улиците на Алдаија, град на периферијата на регионалната престолнина.
Меѓутоа, судот признал дека постои „правен вакуум“ во шпанскиот закон во врска со голотијата во јавноста.
Алехандро Коломар е снимен како доаѓа на суд само во планинарски чевли пред да му биде наредено да се облече за да може да влезе во зградата. На судењето тврдел дека паричните казни кои му се изречени поради голотијата го прекршиле неговото право на идеолошка слобода.
За агенцијата Reuters Коломар изјавил дека почнал да се соблекува во јавноста во 2020 година и дека добил повеќе поддршки отколку навреди кога одел гол, иако еднаш му се заканиле со нож.
„Казната нема никаква смисла. Ме обвинија за непристоен егзибиционизам. Според речникот, тоа подразбира сексуална намера и нема никакви врски со она што јас го правев“, вели Коломар.
Голотијата во јавноста во Шпанија е легална од 1988 година. Секој може да оди гол по улица без да биде приведен, но некои региони, како Ваљадолид и Барселона, воведоа сопствени закони за регулирање на нудизмот, особено далеку од плажите. Судот забележал дека Алдаија нема закон кој го забранува нудизмот.
Судот во Валенсија пресудил дека Коломар „се ограничил на тоа да остане или да оди гол во различно време во две различни улици на Алдаија“, а неговото однесување не имплицирало „промена на безбедноста на граѓаните, мирот или јавниот ред“ и не ги нарушувало „безбедноста на граѓаните, мирот или јавниот ред“.