Порно ѕвездата Рон Џереми префрлен во болница за ментално здравје

(David McNew/Pool Photo via AP, File)

Порно ѕвездата 69-годишниот Рон Џереми е префрлен во државна душевна болница откако беше прогласен за неспосопбен да му се суди за силување и други обвиненија, изјави во вторникот портпаролот на окружниот обвинител на Лос Анџелес.

Џереми е обвинет за повеќе од 30 точки за сексуален напад, вклучувајќи 12 точки за силување, во областа на Лос Анџелес во период од 23 години.

Сепак, Џереми, кој се изјасни за невин, беше прогласен за ментално неспособен да му се суди и беше предаден во државна душевна болница. Може да биде задржан во болница до две години, изјави Грег Рислинг, портпарол на канцеларијата на окружниот обвинител.

Сослушувањето за напредокот во третманот кај Џереми е закажано за 8-ми мај.

Џереми е меѓу најголемите имиња во индустријата за филмови за возрасни, настапувајќи во над 2.000 филмови.