Коруптивни сомнежи со народни пари на Милчо Манчевски?

Откако некои македонски медиуми објавија фрапантни бројки за лепливите прсти на филмскиот режисер Милчо Манчевски кој блесна со филмот „Пред дождот“, а згасна по последните исклучително лоши меѓународни критики за неговите последни филмови и посебно за последниот „Кајмак“, клопчето за тоа, и не само за тоа, како всушност Манчевски со своите филмови се нашол на некои престижни светски фестивали, станува се’ појасно и за македонската јавност.

Имено, за можно меѓународно вртење на македонските државни пари, покрај овдешната продукција „Банана филм“,  Манчевски  во Њујорк си отворил и втора продукција „Милкман Продакшн“. Така, според деновиве изнесеното во јавноста и документите што ги обезбедиле некои медиуми, од Банана филм – Скопје на Милкман продакшн – Њујорк биле префрлени речиси 5,5 милиони денари за развој на филмот Врба, а вкупниот развој на филмот достигнува фантастични 13,5 милиони денари. Што се развивало во Њујорк за филм сниман во Мариово, останува нејасно.

Згора на ова, надвор од договорот, во неколку наврати Манчевски префрлил безмалку 8 милиони денари и на американската Quantum Communications за наводна промоција на неговиот филм „Мајки“, трошок кој не е признат од страна на Филмскиот Фонд, а не се признати ниту 720.000 денари платени за „Мајки“  така подмачкано да биде примен на фестивалот во Торонто Канада.

За ваквите сомнителни дејанија на Милчо Манчевски деновиве се огласи и Антикорупциската комисија. Но на новинарско прашање и барањето прецизен одговор за евентуална корупција и злоупотреба на народните пари од страна на Манчевски, оттаму збунето даваа конфузни информации.

Дека нешто сомнително се случува покажува и преписка на социјалната мрежа „Фејсбук“ од пред околу еден месец.

Па, дали некој во ДКСК тргнал по стапките на Катица Јанева ќе се покаже наскоро.

Извадоци од светската критика за „Кајмак“

Холивуд Репортер„Манчевски очигледно сакал неговиот филм да ја има истата лесна и сочна конзистентност, но неговиот хумор е невкусен а неговата родова определба е несигурна, иако, женски ликови доминираат во наративот. Исто така, има премногу секс сцени што не се толку секси, што му дава на филмот мала вулгарна страна на која ѝ недостасува привлечност. Откако беше прикажан во главната конкуренција во Токио, не е многу веројатно дека далеку ќе стигне“.

Синееуропа: „Можеби Манчевски, сè уште го брка духот на неговото феноменално успешно деби „Пред дождот“, и  само сакаше малку да се забавува. Но, приказната што се обидува да ја раскаже е бесмислена, а постојаното цик-цак помеѓу сериозната драма и чистата глупост предизвикува вртоглавица“…