Белата куќа ги отфрли тврдењата на американски новинар за вклученоста на САД во саботажата на Северен тек

Белата куќа во средата „категорично“ ги отфрли наводите информациите во написот на американскиот новинари Сејмур Херш за наводно учество на американската воена морнарица во минирањето на двата руски гасоводи Северен тек ланскиот септември во Балтичкото Море со што целосно беше исклучена можноста за снабдување на Германија со руски гас.

Наградуваниот со најпрестижната новинарска Пулицерова награда и специјализиран за големи истражувачки стории, Сејмур Херш, кој во средата објави на својата само неколку часа претходно креирана интернет страница Substack, повикувајќи се на свои „осведочени“ извори, дека американската и норвешката морнарица во рамките на воените вежби на НАТО под наслов „Baltops 22“ учествувале во операцијата во која американски нуркачи поставиле експлозивни направи под гасоводите кои биле детонирани три месеци подоцна.

„Тоа е совршена лага и целосна фикција“, изјавила за руската агенција ТАСС, Ендриен Вотсон шефицата на службата за односи со јавноста на Советот за национална безбедност при Белата куќа.

Од службите за односи со јавноста на американскиот Стејт департмент, Пентагон и од воената морнарица на САД веднаш не одговорила на барањето на агенцијата да го коментираат написот на Херш.

Како што објави во својот напи, одлуката за изведување на операцијата ја донел американскиот претседател Џо Бајден по деветмесечни разговори, односно уште пред почетокот на руската инвазија врз Украина, со претставници на разузнавачката заедница на САД и доверлив круг највисоки функционери на американските поморски и воздушни сили.

Новинарот особено потенцира дека за таа цел била формирана меѓуресорска група со која раководел помошникот на претседателот Бајден за национална безбедност Џејк Салиуван, државниот секретар Ентони Блинкен и заменичката на државниот секретар Викторија Нуланд.

Сомнежите за саботажа на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 во шведските и данските води на Балтичкото Море се засилија во во втората седмица од ланскиот октомври, откако шведската безбедносна полициска агенција SAPO го заврши увидот на местото на инцидентот и во соопштение за медиумите тогаш извести дека експлозии ја предизвикале значителна штета на цевководите. Шведската безбедносна агенција ја води прелиминарната истрага за инцидентот со истекувањето на гас од двата руски гасовода по дното на Балтикот со кој енергенсот се транспортира од Русија до Германија и Европа.

На 26-ти септември 2022 година во ист момент беа забележани истекувања од двата гасоводи. Властите на Германија, Шведска и Данска соопштија дека во тој период биле регистрирани сеизмички настани кои наликувале на детонации. Трите земји спроведоа засебни истраги, по кои навестија дека веројатно станува збор за диверзија на гасоводите, но не објавуваат податоци, правдајќи го тоа со националната безбедност.