Фудбалерите на Фулам се последните учесници на овогодинешното издание на англискиот ФА Куп, тие како гости го совладаа второлигашот Сандерленд со 3:2 (1:0) во повторениот осминафинален натпревар.
Головите за Фулам ги постигнаа Вилсон во 8, Переира во 59 и Курзава во 82 минута, додека за Сандерленд прецизни беа Кларк во 77 и Бенет во 90 минута.
Фулам во осминафиналето на 28-ми февруари ќе му гостува на Лидс Јунајтед, додека останатите двојки од оваа фаза од натпреварувањето се Стоук Сити – Брајтон енд Хов Албион, Лестер Сити – Блекбурн Роверс, Бристол Сити – Манчестер Сити, Саутемптон – Гримсби Таун, Барнли – Флитвуд Таун, Манчестер Јунајтед – Вест Хем Јунајтед и Шефилд Јунајтед – Тотенхем Хотспур.