
Во продолжение на операциите за пребарување и спасување во Малатја, по реакција на дресирано куче, екипите стигнале до Мерал Накир, за кој било утрврдено дека се наоѓа на прв кат од шесткатница и успеале да го спасат 77 часа по земјотресот.
Малатја е една од провинциите уништени од силниот земјотрес што ги погоди јужна Турција и северна Сирија.
Тимовите оствариле звучен контакт со Накир. Акцијата траела околу 20 часа, а блоковите биле пробиени и отворена била дупка кон местото каде што се наоѓал.
Накир, кој бил изнесен на раце, бил пренесен во болница со брза помош.
Видеото погледнете го ТУКА