Роналдо ги постигна првите два гола од игра во Саудиска Арабија и ја надмина „границата 500“ (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо до денеска имаше постигнато гол од пенал во Саудиска Арабија, но во период од 20 минути го покажа сето свое фудбалско знаење и само демонстрираше зошто речиси 20 години наназад важи за најдобар светски голгетер.

Португалецот постигна два гола за предност од 0:2 на Ал Наср во дуелот со Ал Вехда, а со тоа ја надмина границата од 500 постигнати голови во домашните првенства.

Со првиот гол кој го постигна со левата нога, Кристијано стигна точно до 500 лигашки голови во својата неверојатна кариера, но пред крајот на првиот дел постигна уште еден.

Напаѓачот доби топка во празно и без проблеми го матираше противничкиот голман со удар со десната нога, па сега сигурно ќе брка хет-трик во вториот дел.

Ова се први голови од игра за Роналдо по доаѓањето во Саудиска Арабија, земја која навистина многу инвестираше за да го донесе славниот Португалец во своето првенство.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1623746278315155459?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1623746278315155459%7Ctwgr%5E33eb77c2852fd3bfb685fc2d22bcf8edd70d1a63%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fkurir.mk%2Fsport%2Ffudbal%2Fronaldo-gi-postigna-prvite-dva-gola-od-igra-vo-saudiska-arabija-i-ja-nadmina-granitsata-500-video%2F

Головите погледнете ги ТУКА