Захарова: Одбивањето на Западот да обезбеди помош за Сирија е нехумано

Одбивањето на колективниот Запад да обезбеди помош за Сирија во справувањето со последиците од разорниот земјотрес е нехумано, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Во сегашните околности, незаконските еднострани санкции воведени против Сирија остануваат ефективни и тоа, благо речено, го попречува процесот на справување со последиците од земјотресот и обезбедување помош на Сиријците од други земји и невладини организации“, истакна таа.

„Ова директно води не само до човечко страдање, туку и до губење на животи, а со оглед на размерот на трагедијата што се случи во Сирија, ваквото однесување на западните земји е во спротивност со нормите на човечкиот морал и не може да се оправда. Ова е едноставно нехумана логика, нагласи дипломатот.

Таа истакна дека „колективниот Запад го игнорираше фактот дека земјотресот, со епицентар во Турција, резултираше со смрт на илјадници луѓе и ужасно уништување на самата Сирија“.

„Ова не е само манифестација на политизираниот пристап по кој се води Западот во процесот на обезбедување хуманитарна помош за погодените во таа земја. Ова е нешто монструозно“, изјави дипломатот.

„Го повикуваме Западот веднаш да ја преиспита својата нехумана позиција и да ги укине рестриктивните мерки што се на сила против Сирија“, рече таа.

„Уште еднаш ја нагласуваме потребата од итна меѓународна помош за Дамаск во тесна координација со сириската влада, со почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на оваа земја“, заклучи Захарова.

Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе.