Мехмет Јасар Чоскун, архитектот на станбен копмлекс во Антакија, во турската провинција Хатај, кој се урна во во серијата разорни потреси во понеделникот, бил приведен во петокот на истабулскиот ародром, додека се обидувал да избега во странство, известуваат турските медиумиесанс Резиденс, висока зграда завршена во 2012 година.
Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе.
Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Renaissance Residence“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот изведувач бил уапсен на аеродромот при обид да побегне од земјата.
Имено, инвеститорот Мехмет Јашар Чоскун бил фатен на аеродромот во Истанбул откако се обидел да побегне, бидејќи по уривањето на комплексот, против него и неговиот брат Хусеин Јалчин Чоскун била покрената истрага, а по нив била распишана потерница, пренесуваат медиумите.
Според порталот, во зградата имало дури 250 станови во кои живееле вкупно околу 1.000 луѓе, висок станбен копплекс кој бил завршен во 2012 година.
На социјалните мрежи е објавено видео од апсењето на Мехмет Јашар Ќоксун, кој е фатен на аеродромот во Истанбул.
Комплексот кој беше погоден од земјотресот, беше прикажан како еден од најлуксузните згради во Хатај, а во земјотресот беше срамнет со земја.
Во Турција во минатото беше вообичаено по силните земјотреси, инвеститорите и оние кои учествувале во градба на објекти да бидат приведувани или дури и самите да се пријавуваат во притвор додека трае истрагата за евентуално уривање на објектите.
AK Parti Sözcüsü Ömer Çelik: “Yağma olayları karşısında açık ve net söylüyorum son derece acımasız olacağız.”
— Pusholder (@pusholder) February 10, 2023