Кадиров: Руската армија ќе дојде до Киев ако добие наредба

Руските трупи се подготвени да дојдат до украинската престолнина Киев доколку за тоа добијат наредба, уверува чеченскиот лидер Рамзан Кадиров според кој ставањето под руска контрола на јужниот украински град Одеса и северозападниот Харков ќе ја осигура безбедноста на територијата на Руската Федерација од артилериските напади на украинската војска.

„Имаме жива сила којашто може да стаса до Киев, да го заземе Киев. Денеска, доколку има наредба од Врховниот командант, тогаш нашите единици на Министерството за одбрана, Националната гарда, полицијата, нема значење, сите до еден се подготвени. А потоа, како што ќе реши претседателот“, вели Кадиров во интервјуто објавено во понеделникот во програмата на „60 минути“ на првиот канал на руската телевизија Россия 1.

Чеченскиот лидер, исто така, дека е погрешно да се преговара со украинскиот претседател Володомир Зеленски, нарекувајќи го „терористи, селски сатанист, фашист“, но дека самиот тој би бил подготвен да го стори тоа доколку „го испратат еден на еден“.

„Ако ме испратат кај него сам по сам, тогаш може да се водат преговори. Но јас брзо би го убедил. Брзо би ги потпишал сите потребни документи. Сметам дека е погрешно да се прави херој од него таму, да се преговара со него“, рече Кадиров.

Во продолжение чеченскиот лидер вели дека за да се осигури безбедноста на територијата на Руската Федерација, како и новоприсоединетите југоисточни региони во Украина, откако Западот најави испораки за украинската војска на ракети со долг дострел до 300 километри, неопходно е да бидат заземени големите градски центри Одеса и Харков.

„Ќе завршиме, иако некои велат за година, две, три – верувам дека до крајот на годината ќе ги завршиме сите поставени задачи. Тоа, сметам, треба да се направи со заземање на Одеса, Харков и последователно така да ја обезбедиме нашата земја“, рече Кадиров.

Вели дека секоја седмица на фронтот по обука од Чеченија на украинското боиште се испраќаат до 200 борци, но дека ги има од цела Русија.

„Војуваме за да имаме мир, да не нѐ убиваат, да не стрелаат врз на…. Испраќаме седмично по 200 луѓе, не е лесно. Доаѓаат од цела Русија, ние ги обучуваме (…) целосно ги опремуваме со сѐ што е неопходно“, додаде чеченскиот лидер.

Кадиров рече дека ланското отстапување од териториите кои руските трупи ја заземаа кај Киев и Чернигов веднаш по почетокот на инвазијата, бил воено-тактички потег кој овозможил „да водиме сопствена воена политика, којашто ни е не неопходна денес“.