Партијата Левица ја демантира информацијата објавена во текстот со наслов: „Левица направи кворум за владината реконструкција“.
Оттаму велат дека пратениците на Левица воопшто не гласале за дневниот ред на 103-та седница, а биле присутни во салата затоа што имале нивен предлог-закон за измена и дополнување на Кривичниот законик, по што потоа ја напуштиле салата.
„Потенцираме дека во салата претходно веќе имаше обезбедено КВОРУМ од 62 пратеници на владејачкото мнозинство.
Доказ (во прилог): Листинг од гласање на дневниот ред – каде се гледа дека нашите пратеници воопшто не гласале“.