Столтенберг: Путин не се подготвува за мир, туку покренува офанзива, следи логистичка трка

Нема знаци дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за мир, напротив, подготвува нова офанзива и поради тоа муницијата, горивото и резервните дели мора да стасаат во Украина пред Русија да ја преземе иницијативата, изјави во понеделникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер.

„Јасно е дека сме во логистичка трка. Клучните способност како муницијата, горивата и резервните делови мора да стасаат во Украина пред Русија да ја преземе иницијативата на бојното поле“, рече Столтенбер на прес-конференција но не пружи конркетно показатели за тврдењето.

Изјавата на челникот на НАТО доаѓа во време кога Русија бележи континуирани мали напредувања на боиштето и во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на 30-те земји членки на НАТО во вторник и среда, кои ќе разговараат за тоа како да ѝ се обезбедат средства на Украина „да победи“ во војната против Русија.

„Речиси една година од почетокот на инвазијата, претседателот Путин не се подготвува за мир, туку покренува нови офанзиви. Она што го гледаме е дека Путин и Русија и натаму сакаат да ја контролираат Украина, како и дека таму испраќаат уште повеќе војници и оружја“, продолжи Столтенберг.

Челникот на НАТО истакна дека „брзината на испораките на воената опрема и вештини“ на Украина „спасува многу животи“, како и дека „победата на Путин во Украина би му испратила порака нему и на авторитарните режими дека користењето сила се исплати, што светот би го направило уште поопасен“.

Министрите за одбрана на Алијансата ќе разговараат за капацитетите во одбранбената индустрија и за обновување на залихите од оружје, особено на муниција.,

„Моменталната стапка на потрошувачка на муницијата во Украина повеќекратно ја надминува нашата сегашна стапка на производство“, рече Столтенберг.

Како пример наведе дека времето за чекање на муниција со голем калибар се зголемило од 12 до 28 месеци, што значи дека до испораките за денеска примени нарачки би можеле да дојде дури за две ипол години или подоцна.

„Затоа мораме да го зголемиме производството и да инвестираме во нашите производствени капацитети“, рече генералниот секретар на НАТО.

Како добра вест, пак, Столтенберг наведе дека неколку земји сојузнички, вклучително САД и Франција, веќе потпишале повеќегодишни договори со одбранбената индустрија, што ќе овозможи вложувања во зголемување на производството на оружја и муниција.

„Нашата порака е јасна: НАТО стои со Украина и ќе биде колку и да е потребно“, изјави генералниот секретар на Алијансата.

На средбата на министрите, исто така, ќе се разговара за заштитата на подморската инфраструктура, и тоа откако претходно на крајот од минатата седмица познатиот и наградуван новинар Семјур Херш дека во минирањето на гасоводите Северен тек 1 и 2 минатата есен во Балтичкото Море се вмешани САД и Норвешка, со што беше целосно запрено испорачување на рускиот гас во Германија.

За таа цел, е воспоставено координативно тело во седиштето на НАТО, коешто е задолжено за идентификација на слабите точки на споменатата инфраструктура, што ќе помогне во напорите да се спречат и сузбијат закани за критичната инфраструктура, вклучително подморските кабли и цевководи.

Имено по експлозиите со коишто практично се уништени руските и германските енергетски проекти во износ по повеќе милијарди евра, некои западни аналитичари предупредија на можна руска одмазда и напад на подморските кабли што потенцијално би предизвикало колапс на интернетот.

Министрите ќе разговараат и за тоа како да се засили практичната поддршка за Босна и Херцеговина, Грузија и Молдавија, „партнерски земји кои се соочуваат со руските закани“, како што тврдеше Столтенберг.

Челникот на НАТО рече и дека очекува дека министрите ќе разговараат и за испораки на западни борбени авиони на Украина. Рече дека за испораката на таквите летала ќе биде потребно време и дека тоа нема да ја направи Алијансата страна во украинскиот судир.

Столтенберг во врска со неидентификуваните летала кои изминатиот викенд беа соборен над САД и Канада и за кои двете земји се сомневаат дека се кинески наменети за шпионажа, реле дека тоа укажува на потребата НАТО да биде претпазлив.

„Тоа е дел од шаблонот според кој Кина и Русија ги зголемуваат активностите на надзор на НАТО сојузниците“, рече Столтенберг.