Новата анализа на неидентификувани летечки објекти кои летале над јапонскиот воздушен простор во последните години „силно“ сугерира дека станува збор за кинески шпионски балони, објави јапонското Министерство за одбрана.
„По натамошната анализа на специфични летечки објекти во форма на балон претходно идентификувани во јапонскиот воздушен простор, вклучително и оние од ноември 2019 година, јуни 2020 година и септември 2021 година, заклучивме дека за балоните силно се претпоставува дека се извидувачки балони, беспилотни летала испратени од Кина“, се вели во соопштението на јапонското министерство.
Токио, исто така, „силно побара од кинеската влада да ги потврди фактите“ за инцидентот и „да спречи таква ситуација да се повтори во иднина“, се додава во соопштението.
„Повреда на воздушниот простор со странски беспилотни извидувачки балони и други средства се целосно неприфатливи“, се продолжува во соопштението.
Јапонија минатата седмица објави дека разгледува серија инциденти кои вклучуваат неидентификувани летечки објекти откако наводно кинески шпионски балон беше соборен од американски борбен авион откако апаратот ја прелетал целата територија на САД.
По овој инцидент, американската војска ги приспособи своите поставвки на радарските системи за откривање помали објекти кои побавно се движат и наводно откри уште три неидентификувани летачки објекти за кои претседателот Џо Бајден наредил да се соборени, и тоа еден над Алјаска, вториот над Канада и третиот над езерото Хурон во сојзуната држава Мичиген. Но досега Вашингтон не излезе со податоци за тоа кому припаѓаат тие летал и за какви всушност уреди станува збор.