Oд SoundEdge студиото излезе новиот сингл насловен „Hate Speech“ како соработка на SoundEdge и Ристо Солунчев, еден од најмаркантните класични рап претставници од веќе култниот бенд Чиста Околина.
Музички, „Hate Speech“ е комлексна изведба на алтернативен рок што SoundEdge го носи со себе и рап варијантата на Солунчев со едноставни фанк-џез примеси и фузија на два сосема различни вокали склопени во експериментална целина.
„Hate Speech“ е опис на современите состојби, на општествените ситуации, но пред се интимна исповест за да се испратат пораки и да не потсетат на секојдневните случувања што сите ние ги живееме и чувствуваме.
Музиката е на SoundEdge и како секогаш e во авторство на Симеон Спировски кој е и продуцент на песната. Текстот и вокалите се на Ристо Солунчев и Рената Аризанова. Видеото за песната е дело на SoundEdge продукцијата и го изработи Александар Лазаревски, снимено во процесот на работа на песната.
„Со сигурност знаеме дека можеме да понудиме дело што ќе заинтригира со својата комфорна полидимензионалност и искрено веруваме дека се што создававме публиката ќе го почувствува“.