Кина во средата соопшти дека американски балони за надзор на големи височини прелетале над проблематичните провинции Ксинџијанг и Тибет, како и дека Пекинг ќе преземе мерки против американските ентитети кои го загрозуваат кинескиот суверенитет.
Тензиите меѓу САД и Кина се во нова фаза овојпат околу наводниот кинески шпионски балон соборен минатата седмица над морето крај Јужна Каролина. Пекинг тврди дека станува збор за цивилен балон во метеоролошко-научни цели, а поради инцидентот американскиот државен секретар Ентони Билинен ја откажа закажаната за оваа седмица, прва таква по 18 години.
Кина соборувањето го оцени како „претерана“ реакција од САД која има цел да ги влоши билатералните односи, и посочи дека американски балони изминатите години повеќепати биле забележувани над кинеската територија. Последниот таков случај бил од мај 2022 година кога американски балон без најава и никакви известување влегол во кинескиот воздушен простор повеќе од десет пати.
„Без дозволување на соодветните кинески власти, САД илегално оствариле лет во кинескиот воздушен простор најмалку десет пати, вклучително и прелетите над Ксинџијанг и Тибет“, изјави Венг Венбин, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи на редовниот дневен брифинг во Пекинг.
САД во меѓувреме на својата „црна листа“ ставија уште шест кинески компании и институции поврзани со наводната кинеска програма за надзор и шпионирање на американски цели.
„САД употребија сила, претерано реагираа, ја ескалираа ситуацијата и ја искористија како изговор за незаконско санкционирање на кинески компании и институции“, констатираше Ванг.
Порача дека Кина во согласност со законите ќе преземе противмерки против американски ентитети кои ја поткопуваат сувереноста и безбедноста на земјата.
Блинкен по откажувањето на посетата на Пекинг, како што беше во вторникот објавено во Вашингтон, сега разгледува состанок со кинескиот главен дипломат Ванг Ји оваа седмица на Минхенската безбедносна конференција. Меѓутоа, Пекинг воопшто не ги коментираше тие најави, ниту досега одговори на нив.