Падот на IT-системот на „Lufthansa“ е поради оштетување на каблите на Deutsche Telekom

Големото нарушување во информатичката мрежа и систем на „Lufthansa“ се случила откако неколку кабли од фиберглас на операторот концернот „Lufthansa“ биле оштетени во текот на градежен зафат во Франкфурт, објави во средата порталот Hessenschau.de повикувајќи се на процена на експертите на германската воздухопловна компанија.

Според оваа информација, кран кој работел на делница од железничката линија во градот на западот на Германија, оштетил најмалку четири кабли. Поради тоа се појавиле проблеми во мрежниот систем на авиокомпанијата, како и прекин во интернетот, мобилната телефонија и финските телефонски линии во Франкфурт, каде е најголемиот германски и европски аеродром, а особено во северните делови од градот. Се најавува дека, повторното воспоставување на редовното функционирање ќе биде завршено во попладневните часови.

Претходно во средата весникот Bild објави дека како последица на падот на мрежата и проблеми во IT-системот на „Lufthansa“, не можеле да полетаат авионите на компанијата. Нарушувањето влијаело врз безбедното функционирање на системот за пријави на летовите и на слетувањата.

Германската служба за безбедност на воздушниот сообраќај во средата го затвори франкфуртскиот аеродром, кој е и седиште на флотилата на „Lufthansa“, со цел да се избегне хаосот на небото над Франкфурт.

Засега нема информации колку летови се одложени или откажани, но се наведува дека проблемите влијаеле на плановите на илјадници патници. Од „Lufthansa“ потврдија дека го активирале кризниот штаб во врска со проблемите и обновувањето на функционирањето на IT-системот.