Дојава за подметната бомба денеска добиле во скопското основно училиште „Кирил Пејчиновиќ“, во населбата Кисела Вода.
По добиената пријава, преземени се мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки.
Вчера имаше дојава за поставена експлозивна направа во три скопски средни училишта: „Јосип Броз Тито“, „Панче Караѓозов“ и „Никола Карев“. Заканата, која се испостави дека е лажна, пристигнала на приватни електронски адреси на 14 професори.