
Нови дојави за бомби се пријавени денеска во МВР од 16 скопски и четири прилепски училишта, информираа од Министерство за внатрешни работи.
„Денеска (15.02.2023) до 14.40 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 16 училишта во Скопје и четири училишта во Прилеп е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“.