Лекарите заклучиле дека Бајден е здрав и способен за должноста

Лекарите американскиот претседател Џо Бајден, кој ланскиот ноември навлезе во 81-та година од животот, во четвртокот го прогласија „здрав“ и „способен за извршување на должност“ по прегледот со кој му се отстранети лезиите на градниот кош, а утврдено е и дека нема последици од долготрајниот Covid-19 откако минатата година беше позитивен на коронавирусот.

„Претседателот и натаму е способен за должноста и во потполност може да ги извршува сите своите одговорности без никакви исклучоци или прилагодувања“, изјави лекарот на Белата куќа, Кевин О’Конор, во резимето на здравствените наоди и напиша дека Бајден е „здрав, силен 80-годишен маж“.

Здравствениот преглед на Бајден беше следен со големо внимание во американската јавност, бидејќи актуелниот претседател најави дека ќе се кандидира за вториот мандат. Во изводот од прегледот е наведено и дека Бајден немало никакви симптоми од долготрајниот Covid-19 и дека неговото вкочането одење не се влошило од последниот преглед.

Тричасовниот преглед во Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“ во вашингтонското предградие Бетесда, кој административно спаѓа во сојузната држава Мериленд, беше вториот опсежен преглед на Бајден откако ја презема претседателската должност во јануари 2021 година.

Тогаш беше заклучено дека неговите години се причина за вкочанетиот од и повремената збунетост и низата гафови кои кај неговите критичари предизвикуваат прашање за неговите когнитивни способности за извршување на исклучително важната должност. Тогаш му беше извршена колоноскопија под општа анестезија, а по наодите беше заклучено дека е „здрав, силен 78-годишен маж“. Му беше отстранет полип од дебелото црево и коригирана диоптријата на контактните леќи.

Бајден сега е најстариот кој ја извршувал должноста претседател на Соединетите држави и поради тоа се проблематизираат неговите способност.

Околу три четвртини од Американците, меѓу кои повеќе од половината демократи и огромно мнозинство републиканци, сметаат дека Бајден е престар да ја води американската администрација, според анкетата Reuters/Ipsos спроведена од 6-ти до 13-ти февруари.

Но и покрај рекордно ниската поддршка за неговите политики во анкетите, Бајден веќе извесно време најавува дека има намера повторно да се кандидира, за што има и силен отпор во самата негова Демократска партија. Доколку се кандидира, тоа може да доведе до ново соочување со својот претходник Доналд Трамп кој веќе ја потврди својата кандидатура, но исто така се соочува со противење во неговата Републиканска партија.