Сите кошаркари беа измешани и поделени во четири тима, чии тренери беа четири поранешни големи имиња од НБА-лигата. Победи тимот на Пау Гасол во финалето, против составот на Жоаким Ноа, а тренери беа уште и Дерон Вилијамс и Џејсон Тери.
Се играше во формат полуфинале-финале, во мини натпревари, по принципот „кој прв до 40“ во полуфиналето и „кој прв до 25“ во финалето. Тимот на Пау Гасол, кој важеше за фаворит со Скоти Барнс (Торонто) и Паоло Банkеро (Орландо), во полуфиналето победи против тимот на Дерон Вилијамс со 40-25, а избраниците на Жоаким Ноа славеа против тим Џејсон Тери со 40-32.
Во финалето, фаворитите на Гасол водеа со 22-20, кога тргнаа во напад, а Хозе Алварадо поразговара со Донован Мичел, кој седеше меѓу гледачите, велејќи му „сега ќе дадам кош за победа“. Иако немаше идеална позиција, навистина погоди тројка и донесе триумф на неговиот тим. Алварадо има 24 години, роден е во Њујорк, но поради своите корени настапува за репрезентацијата на Порто Рико. Тој беше единствениот недрафтуван кошаркар од сите 28 кои беа во четирите тима, но на крај го крена признанието за МВП на вечерта.