Израелска дипломатка исфрлена од самитот на Африканската унија

Висока израелска дипломатска беше исфрлена од самитот на Африканската унија (АУ) во саботата, откако ескалираше спорот околу израелската акредитација.

Снимките објавени на интернет покажуваат судир на обезбедувањето на конференцијата на АУ со дипломатката на церемонијата на отворањето на самитот, пред таа да ја напушти салата.

„Израел со вознемиреност гледа на инцидентот во кој заменикчката на директорот за Африка, амбасадорката Шарон Бар-Ли, беше исфрлена од самитот на АУ и покрај фактот што таа беше акредитирана како набљудувач и имаше идентификациска картичка за влез“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Еба Калондо, портпаролка на претседателот на комисијата на АУ, изјави дека на Бар-Ли ѝ бил забранет пристапот бидејќи не била соодветно акредитирана амбасадорка во Етиопија, односно функционарката којашто била очекувана на самитот.

Израел ги обвини Јужна Африка (ЈАР) и Алжир, двете клучни земји во блокот од 55 нации, за инцидентот, тврдејќи дека ја држат АУ како заложник и мотивирани од „омраза“.

„Ги повикуваме африканските земји да се спротивстават на таквите потези кои ѝ штетат на самата Африканска унија и на целиот континент“, се додава во соопштението на израелското министерство.

ЈАР ги отфрли обвинувањата и тврди дека земјите не се договориле за барањето на Израел за статус на набљудувач на самитот и дека тоа не е прашање на нив или на Алжир, туку на принцип.

ЈАР е жесток поддржувач на Палестинците, а алжирската делегација не одговорила на барањата за комената на медиумите.