На барањата од граѓаните да биде вратена дневната евтина струја од 14 до 16 часот, како што беше порано, одговори претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
-Можно е враќање на дневната евтина струја, но за тоа ќе треба да почекаме да заврши оваа грејна сезона, вели Бислимоски.
-Прво да видиме како ќе заврши оваа грејна сезона, да го видиме производството на ЕСМ, да видиме како оди набавката на електричната енергија, па понатаму ќе размислуваме за сите можни опции кои ги имаме, рекол Бислимоски.