Шефот на кинеската дипломатија пристигна во Москва на разговари за Украина

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји допатува во Москва на разговари за можниот мировен план за Украина, пишува во понеделникот рускиот весник Комерсант.

„Главната цел на оваа посета е да се зголеми улогата на Пекинг во договорот за Украина“, пишува Комерсант.

На годишната Минхенска безбедносна конференција изминатиот викенд, Ванг ги обвини Соединетите држави за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување.

Повторно повика на дијалог и предложи европските земји „смирено да размислат“ за начините за завршување на војната. Ванг, исто така, рече дека има „некои сили кои очигледно не сакаат преговорите да успеат или војната наскоро да заврши“, но не прецизираше на кого се мисли.

Кинескиот лидер Кси Џинпинг, како што тврдеше италијанскиот министер за надворешни работи минатата седмица, треба да одржи „мировен говор“ на годишнината од инвазијата на Украина.

Антонио Тајани изјави за RAI Radio 1 дека ја искористил неговата средба во Рим со Ванг Ји во четвртокот за да побара од Пекинг да ја искористи својата моќ за да ја убеди Русија да стави крај на војната, истовремено гарантирајќи ја независноста на Украина.

„Ми кажа дека Кси ќе одржи мировен говор на годишнината од инвазијата на Украина“, рече Тајани.