![kliniki-brza-pomos-urgenten](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/kliniki-brza-pomos-urgenten.jpg?resize=500%2C332&ssl=1)
Возило на Брза помош ноќеска околу полноќ било нападнато во близина на Центарот за зависници во скопската населба Кисела Вода, при што тешко е поврден возачот на амбулантното возило и искршени се стаклата.
Според информациите од Итната медицинска помош, возачот на возилото имал скршеница на раката и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно е опериран на Клиниката за трауматологија.
Полицијата информира дека екипата на Итната медицинска помош е нападната од засега непознати лица. Возачот, бил физички нападнат со тупаници, а докторката не била повредена.