Русија ќе ги почитува ограничувањата од СТАРТ-3 за носачите на нуклеарни боеви глави

Москва е ги почитува ограничувањата од руско-американскиот договор за мерките за натамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно оружје, познат како Нов СТАРТ (СТАРТ-3), двете страни ќе продолжат да разменуваат известувања за бројот на носачите на нуклеарни боеви глави, објави во средата генерал-мајорот Евгениј Илин, замени на шефот на Главниот директорат за меѓународна воена соработка при руското Министерство за одбрана, ден откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија поради ставовите на САД и НАТО ќе го суспендира своето учество во договорот што предизвика вознемиреност, особено во Европа.

„Кога станува збор за нивото коешто го објави… во однос на бројот на носачите на нуклеарни боеви глави, тие исто така ќе бидат запазени (…). И, соодветни, воспоставени е и процесот на размена на известувањата во рамките на договорите од 1988 меѓу Советскиот сојуз и САД, тој постои и ќе се спроведува во целост“, изјави Илин пред пратениците во руската Државна Дума.

Илин истакна дека таквите дејствија се неопходни за да се спречат лажните тревоги, што е важно за одржување на стратешката стабилност во светот.

Ден претходно Путин во обраќањето пред Федералното собрание изјави дека Русија го суспендира своето учество во договорот СТАРТ, но посочи дека Москва не се повлекува од договорот, кој според клаузулата автоматски по престанувањето на важањето и непотпишувањето на нов во 2021 година е продолжен до 2026 година.

Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување Strategic Arms Reduction Treaty) познат и како START-3 е потпишан во 2010 година во Прага го ограничува бројот на стратешките нуклеарни боеви глави, проектили и бомбардери кои Русија и САД може да ги распоредат. Двете земји контролираат околу 90 отсто од светските резерви на нуклеарно вооружување. Договорот START-3 ги играничува двете суперсили на 1.550 нуклеарни боеви глави подготвени за лансирање и по 800 лансирни системи. Исто така, го ограничува и бројот на лансери на нуклеарни проектили и проектирите распоредени на копното и на подморниците, како и на стратешките бомбардери.

Администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп преговараше по истото прашање со Русија, но не успеа да постигне договор. Во прв ред, поради сомневањата на Трамп дека Москва е во значителна предност во овој поглед, како и неговото инсистирање на договорот да се приклучи и Кина, којашто одбиваше тврдејќи дека нејзините резерви од вакво вооружување се недостижно во моментов многу помали отколку на двете земји.

Администрацијата на сегашниот американски претседател Џо Бајден искажуваше заинтересираност за нови преговори но без конкретни чекори, а Москва која во минатото искажуваше заинтересираност за нов договор, откако кон крајот на 2021 година САД и НАТО го одбија нејзиниот предлог за постигнување обврзувачки договор за намалување на безбедносните закани по Русија и особено по почетокот на војната во Украина, посочи дека американските барања од лани за продолжување на инспекциите се „лицемерни“ и „бесмислени“. Покрај тоа, Русија сега бара да бидат со нов договор опфатени и нуклеарните арсенали кои ги поседуваат сојузниците на САД во НАТО, во прв ред Велика Британија и Франција.