Пешак тешко повреден во Ѓорче Петров

На 22.02.2023 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(38) од с.Глумово, скопско, удрило во З.Б.(53) од Скопје, информира МВР.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.