
Натпреварите во НБА лигата по Ол-стар викендот продолжија ноќта кон петокот а еден од повозбудливите натпревари на вечерта беше оној во кој Бостон Селтикс ги совладаа Индијана Пејсер со 142:138 по продолжение.
Најдобриот тим во лигата до победата го предводеше Џејсон Тејтум со 31 поен, 12 скока и седум асистенции, со тоа што Тејтум беше незапирлив за домаќинот во клучните моменти од продолжението. Добро го следеа Џејлен Браун, кој постигна 30 поени со 11 скока, како и Малколм Брогдон од клупата, кој на славјето додаде 24 поени, седум асистенции и пет скока.
Водечкиот тим на Западната конференција, Денвер Нагетс славеа кај Кливленд Кавалирс со 115:109, а повторно прво име на Нагетс беше Никола Јокиќ, кој го забележа својот 22-ри „трипл-дабл“ учинок сезонава, но и тринаесетти во последните шеснаесет натпревари. Неговите бројки овојпат беа 24 кошеви, 18 скока и 13 асистенции. Тоа беше четврта последователна победа за Денвер.
Детроит Пистонс, пак, ја продолжија серијата порази – Орландо Меџик беа подобари на својот паркет со 108:106.
Целата петорка на Орландо постигна двоцифрен број поени, а најдобар меѓу нив беше Франц Вагнер, кој постигна 21 поен со реализација 7 од 13. Кај Детроит најдобар впечаток остави Џејден Ајви со 25 поени.
Оклахома Сити се борат за влез во плеј-офот, но овојпат беа поразено, по продолжение, на гостувањето во Солт Лејк Сити каде Јута победи со 120:119.
Апсолутен херој на овој натпревар беше финскиот кошаркар на Јута, Лаури Марканен, кој постигна 43 поени и додаде десет скока. И покрај тоа што имаше 3 од 12 за „тројки“, тој имаше одлична реализиација од поле 15 од 28. Прво име во гостинскиот тим беше Шаи Глигеус-Александер кој натпреварот го заврши со 39 поени, осум скока и седум асистенции, но тоа беше премалку за победа.
Петтата победа во низа ја забележаа Филаделфија 76ерс кои пред своите гледачи беа подобри од Мемфис Гризлис со 110:105. Џејмс Харден постигна најмногу за Сиксерс – 31 поен, но главен човек на паркетот повторно беше Џоел Ембиид со 27 поени, 19 скока, шест асистенции и дури шест блокади.
Далас Маверикс ги совладаа Сан Антонио Спарс, со 142:116, кои го загубија петнаесеттиот натпревар по ред односјо 20-ти пат беа поразени во последните 21 средба. Гостите не му можеа ништо на разиграното домашно дуо, па Лука Дончич постигна 28 поени со седум скока и 10 асистенции, додека Кајри Ирвинг постигна 23 поени со шест асистенции.
Во негативна серија, но многу поблага се и Голден Стејт Ворорс, кои овојпат загубија на гостувањето во Лос Анџелес против Лејкерс. Крајниот резултат гласи 124:111 за Лејкерс, а актуелниот шампион Голден Стејт го загуби четвртиот натпревар од последните пет. Инаку, гостите настапија без својот најдобар играч Стив Кари, како и без Ендру Вигинс.
Со 25 поени најдобар стрелец на ЛА Лејкерс беше Малик Бисли со 25 поени, додека Леброн Џејмс постигна 13 поени со девет скока и осум асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Кливленд – Денвер 109:115
Индијана – Бостон 138:142, продолжение
Орландо – Детроит 108:106
Филаделфија – Мемфис 110:105
Торонто – Њу Орлеанс 115:110
Далас – Сан Антонио 142:116
Јута – Оклахома Сити 120:119, продолжение
Лејкерс – Голден Стејт 124:111
Сакраменто – Портланд 133:116
ТАБЕЛИ
Источна конференција
1. Бостон Селтикс 43 17
2. Милвоки Бакс 41 17
3. Филаделфија 76ерс 39 19
4. Кливленд Кавалирс 38 24
5. Бруклин Нетс 34 24
6. Њујорк Никс 33 27
7. Мајами Хит 32 27
8. Атланта Хокс 29 30
9. Вашингтон Визардс 28 30
10. Торонто Репторс 29 31
11. Чикаго Булс 26 33
12. Индијана Пејсерс 26 35
13. Орландо Меџик 25 35
14. Шарлот Хорнетс 17 43
15. Детроит Пистонс 15 45
Западна конференција
1. Денвер Нагетс 42 18
2. Мемфис Гризлис 35 23
3. Сакраменто Кингс 33 25
4. Лос Анџелес Клиперс 33 28
5. Феникс Санс 32 28
6. Далас Маверикс 32 29
7. Минесота Тимбервулфс 31 30
8. Њу Орлеанс Пеликанс 30 30
9. Голден Стејт Вориорс 29 30
10. Јута Џез 30 31
11. Оклахома Сити Тандер 28 30
12. Портланд Трејл Блејзерс 28 31
13. Лос Анџелес Лејкерс 28 32
14. Сан Антонио Спарс 14 46
15. Хјустон Рокетс 13 45