Изречени 315 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (23.02.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 315 возачи.

Од нив 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 173 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 142 надвор од населено место.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.