Дојавите за бомби се лажни

Министерството за внатрешни работи ги заврши потребните проверки во врска со денешните пријави за поставени експлозивни направи во 18 скопски училишта и едно во Прилеп. Информираат дека се работи за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се вели во соопштението од МВР.