Благодарение на имплементацијата на стандардите на Северноатлантската алијанса, како и употребата на нејзината опрема, украинската армија всушност стана армија на НАТО, изјави во петокот украинскиот премиер Денис Шмигал во интервју за весникот El Confidencial.
„Фактички, украинската армија е веќе армија на НАТО, бидејќи целата наша опрема е опрема на НАТО. Ние ги имплементиравме стандардите на НАТО во нашите вооружени сили“, вели Шмигал.
Покрај тоа, премиерот смета дека украинската војска изминатите години се стекнала со значително искуство во ведење воени дејствија, поради што Киев може тоа да го сподели со земјите членки на Северноатлантската алијанса.
„Сето тоа ми дава уверување дека Украина во скоро време ќе стане многу силна и истовремено неопходна членка на НАТО: На самитот во Вилнус, земјите членки ќе донесат многу важни одлуки. Се надеваме дека тие е бидат какви што ние ги посакуваме“, додава Шмигал алудирајќи на покана за Киев за членство во западниот воено-политички блок.
Поради тоа, продолжува украинскиот премиер, Киев ги спроведува потребните реформи, завршувајќи ја имплементацијата на седумте препораки од Европската комисија. Шмигал очекува во таа смисла Комисијата да ги разгледува тие чекори од страна на Украина веќе оваа пролет.
„Имаме намера оваа година да ги завршиме сите чекори за да ги започнеме преговорите за влез во Европската унија. Имаме намера да ги заокружиме сите тие чекори за да имаме формална можност за две години да станеме членка …“, додава украинскиот премиeр.