Германскиот производител на луксузни автомобили „Audi“ планира во САД да изгради фабрика за електрични возила за да ја искористи предноста на субвенциите во рамките на американскиот Закон за намалување на инфлацијата (IRA) од кој во Европската унија стравуваат дека ќе предизвика егзодус на европските компании во СА/
„Сѐ уште немаме фабрика во САД. Но благодарејќи на Законот за намалување на инфлацијата којшто го усвои американската влада, градењето фабрика за електрични автомобили во САД, се разбира, стана многу атрактивно“, вели извршниот дирекот на германскиот концерн Маркус Дуесман во интервјуто а весникот Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung.
Законот усвоен во август минатата 2022 година нуди вкупно 430 милијарди долари субвенции и даночни поттикнувања за ткн „зелени“ производи од домашно производство, вклучително и олеснување од 7.500 долари за купците на електрични возила произведени во САД.
За да имаат право на субвенции, производителите мора да имаат минерали за батериите и деловите да ги набавуваат во Северна Америка. Со тоа Вашингтон тврди дека сака од пазарот да ги истисне кинеските добавувачи, но во Брисел и во другите европски престолнини во последно време не го сокриваат своето незадоволство од американскиот IRA. Министри и дипломати од земјите членки на ЕУ го истакнуваа изминатиот период разочарувањето од начинот на кој администрацијата на американскиот претседател Бајден едноставно го игнорира влијанието на своите домашни економски политики врз економиите на европските сојузници. Во ЕУ овој потег го оценија како дискриминаторски кон истите производи увезени од други земји. и стравуваат од бегството на инвестициите и селењето на производството од Европа во САД.
Произведувачите на електричните автомобили батериите за нив во последно време главно ги набавуваат од поблиските добавувачи, но голем дел од суровините во тие батерии сѐ уште веројатно доаѓаат од Кина или минуваат низ втората според обемот, а можеби и најголема заедно со САД, светска економија.
Како што додава Деусман, „Audi“ најверојатно фабриката ќе ја гради заедно со главниот свој концерн „Volkswagen“ (VW), кој во иднина планира да произведува повеќе автомобили за американскиот пазар токму во самите САД.
Групацијата „Volkswagen“ сѐ уште не ги објави стратешките промени во врска со американскиот закон, но во март минатата година извести дека до 2030 година планира во САД да вложи најмалку 7,1 милијарди долари и на пазарот да понуди 25 нови модели електрични возила.
Во 2022 година „Volkswagen“ го започна производството на кросоверот ID.4 во фабриката во Чатонуга, во сојузната американска држава Тенеси, истовремено проширувајќи ги своите погони во соседно Мексико коишто до средината на деценијата, исто така, би требало да произведува електрични возила, мотори и компонентни за нив.