Фимовите „Како убив светец“ на Теона Стругар Митевска и „Панкот не е мртов“ на Владимир Блажевски ќе бидат прикажани на овогодинешниот филмски фестивал во Сан Себастијан во склоп на програмата Источни ветувања – Автобиографија на Источна Европа (Eastern Promises. Autobiography of Eastern Europe).
Автобиографија на Источна Европа e ретроспектива од 50 филмови кои го обележаа почетокот на 21-от век со цел да се открие богатството на овие филмски индустрии и новите таленти кои се појавија во последната деценија.