
Карл Едвард Томи Боргуд, попознат по прекарот Слим, познатиот возач на Формула 1 и тапанар на легендарниот бенд АББА, почина на 77-годишна возраст по долго и тешко боледување.
За многумина еден од најлудите и најшарените возачи во историјата на „најбрзиот циркус во светот“ успеа да го постигне навидум невозможното – истовремено возеше во Ф1 караван и свиреше со АББА.
„Слим“ Боргуд беше и шведски рок-тапанар и возач на Формула 1 во две сезони со името АББА исцртано од страните на неговите болиди.
Иако бил дочекан со голема доза на потценување од други возачи, Боргуд успеал да освои фантастично шесто место и еден поен во крајно неконкурентниот болид АТС на познатиот Силверстоун во 1981 година. Сепак, тоа било сè за таа сезона.
Исто така, ќе остане забележано дека во 1979 година го освоил третото место на Европското првенство зад подоцнежниот Ф1 шампион Алан Прост и Мајкл Бликемолен.