Германија сака цевководите од Северен тек 2 да ги користи за LNG

Германската влада планира да ги искористи преостанатите цевки од изградбата на саботираниот гасовод Северен тек 2 чија експлоатација ја суспендираше под долгогодишниот притисок на САД пред почетокот на руската инвазија во Украина за да создаде гасовод кој ќе поврзува терминал за прием на течен природен гас (LNG).

Станува збор преговори со операторот со гасоводот „Nord Stream 2 AG“ за купување повеќе од три илјади цевки, кои се скалдирани во пристаништето Микран на северноморскиот остров Риген и  негово поврзување со пунктот Либмин, во сојузната покраина Мекленбург – Западна Померанија на северот од Германија, според сознанијата на весникот Die Welt am Sonntag.

Сегментите од гасоводите, според весникот, сојузната германска влада сака да ги искористи на линија долга речиси 40 километри за поврзување на планираниот терминал за LNG во Руген со Лубмин кој е на копното.

Германското министерство за економски прашања и заштита на климата не одговорило на барањето на весникот за коментар. Од „Nord Stream 2 AG“, исто така, одбиле да одговорат наведувајќи дека „принципиелно не обезбедуваат никакви информации за комерцијални трансакции“.

Истовремено, во написот на Die Welt am Sonntag се истакнува дека „планираната зделка може да испадне тешка од правен аспект, бидејќи швајцарската компанија Nord Stream 2 AG сѐ уште е во сопственост на руската компанија Газпром“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц неодамна тврдеше дека Германија успеала да ја надмине зависноста од Русија во енергетските ресурси. Потсети дека во Германија веќе се отворени неколку мобилни терминали за прием на течен гас. Германија не добива гас преку Северен тек од Русија по саботажа на гасоводот.

Кон крајот на ланскиот септември на двата руски гасоводи Северен тек 1 и Северен тек 2, со кои се испорачуваше евтиниот руски гас во Германија и Европа, беа забележани истекувања на енергенсот од сите четири цевководи во Балтичкото Море крај данскиот остров Борнхолм. Шведска, Данска и Германија спроведоа засебни истраги и посочија дека станува збор за саботажа, но досега не ги соопштија резултатите од нив правдајќи се со прашања од националната безбедност. За Русија, пак, станува збор за „опасен преседан“ на чин на „меѓународен тероризам врз клучна инфраструктура“.

Во првата седмица од февруари годинава, наградуваниот американски истражувачки новинар Сејмур Хешр објави напис повикувајќи се на свои извори во кој прецизно наведува имиња, датуми, локации и средства и во кој се тврди дека по наредба на американскиот претседател Џо Бајден диверзијата против руските гасоводи Северен тек биле планирани девет месеци подолг период пред почетокот на руската инвазија во Украина.

Според наводите во написот на Херш, кои ги отфрлија како „лага и измислица“ Белата куќа и Пентагон, американски нуркачи во јуни 2022 година во рамките на поморските маневри на НАТО во Балтичкото Море под назив „Baltops 2022“ од цевководите ги поставиле експлозивните направи кои три месеца подоцна ги активирала морнарицата на Норвешка.

Херш подоцна во интервјуа за германски медиуми оцени дека причината за диверзијата која Бајден всушност ја најавил во текот на посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц на Вашингтон во 2021 година била стравувањето на Вашингтон дека Германија која го добиваше евтиниот гас преку Северен тек нема да учествува во уште тогаш планираната голема воена помош за Украина во војната против Русија.