
Демонстрациите против снабдувањето на Украина со оружје за војната против Русија привлекоа 10.000 луѓе во саботата, што наиде на критики од највисоките функционери на германската влада и големото полициско присуство за одржување на редот, пренесуваат медиумите.
Претходно во саботата беше објавена анекта којашто за германската службена новинска агенција DPA ја спровел институтот за испитување на јавното мнение YouGov, и според којашто мнозинството односно 51 отсто од испитаниците се согласуваат со тврдењето дека испораките на германски оружје за Украина во нејзината војна против Русија е вмешување на земјата во конфликтот, додека 37 отсто не се согласуваат со тоа тврдење.
Жителите на Германија една година по избувнувањето на украинската војна се скептични во однос на испраќањето оружје, а 40 отсто од анкетираните сметаат дека досега премногу оружје е испратено до Германија во Украина. Дека досегашната воена поддршка е недоволна сметаат само 22 отсто од испитаниците, а 23 отсто сметаат дека е токму толкава колкава би требала да биде.
На планираната испорака на борбените тенкови „Leopard 2“ се противат 44 отсто од Германците, а 41 отсто ја поддржуваат. Германската влада до крајот на март планира да испрати 18 такви тенкови на украинскиот фронт, и вели дека обучува украински војници за нивно користење.
Организиран од истакнато левичарски германски политичаро, протестот доаѓа еден ден по одбележувањето на годишнината од руската инвазија на Украина, на којашто повторно декларирани нови ветувања на Киев за дополнително и помоќно оружје од западните сојузници, нови санкции против Русија и барање на поддршка за Киев и од другите земји во светот кои засега стојат настрана и покрај протисоците на Западот за осуда на Москва и придружување на западните антируски санкции.
„Го повикуваме германскиот канцелар да ја запре ескалацијата на испораките на оружје. Сега!… Затоа што секој изгубен ден чини до 1.000 животи повеќе – и нè приближува до трета светска војна“, објавија организаторите на протестот на нивната веб-страница.
„Востанието за мир“ делумно го организираше Сара Вагенкнехт, членка на германската левичарска партија Левица (Die Linke).
Портпаролот на берлинската полиција соопшти дека 10.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршка порта во центарот на германската престолнина. Нема информации за процените на организаторите.
Полицијата мобилизираше 1.400 свои припадници за одржување на мирот и редот, и да ги спроведе забраните за истакнување воени униформи, руски и советски знамиња, руски воени песни и десничарски симболи.
Портпаролот на полицијата рече дека нема знаци на присуство на десничарски групи и дека протестот бил мирен.
Според неодамнешните статистички податоци кои ги објави Институтот за светска економија (IfW) од Кил, Германија според вкупната воена поддршка за Украина е на четвртото место, зад САД, Велика Британија и Полска. Но кога се гледа соодносот на воената помош и економските резултати, и помалите земји, особено од Источна Европа се пред Германија.