ВИДЕО| Бугарски медиум снимал документарец насловен „Бугарите се жртви на насилство во Македонија“

Бугарската телевизија БТВ сними документарец насловен „Бугари во Северна Македонија“. Документарецот, како што велат од телевизијата, е снимен во Охрид, а неговата цел е да се докаже дека Бугарите во Македонија се соочуваат со насилство, кое се поврзува со последниот настан со тепањето на Христијан Пендиков.

„По серијата вандализам во Северна Македонија и тепањето на Христијан Пендиков – екипа на БТВ е на пат кон нашиот југозападен сосед да дознае – има ли омраза кон Бугарите таму. Ќе ве сретнеме со неколку мажи – родени и израснати во Северна Македонија, но тие велат дека се Бугари, а со тоа и жртви на насилство.

За првпат – за БТВ зборуваат и двајца браќа од Охрид, кои беа приведени веднаш по нападот на Пендиков.